Ана Чупеска: Ценовните шокови бараат одговорна влада, ВМРО-ДПМНЕ не покажува грижа за граѓаните

Ана Чупеска: Ценовните шокови бараат одговорна влада, ВМРО-ДПМНЕ не покажува грижа за граѓаните

Фактот дека граѓаните се соочуваат со скапотија и огромни ценовни шокови, се должи на неспособноста на оваа влада. СДСМ веќе има поднесено серија конкретни предлози во Собранието, темелени на успешни практика применувани во претходната влада, кој сегашната владејачка структура одбива да ги разгледа, рече потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска.

  • Тоа не се само предлози, туку мерки што беа препознаени и на европско ниво како референтни примери за стабилизирање на ценовни шокови преку државна помош и субвенции. Тие модели ги применуваа и други држави. Но, денешната владејачка структура одбива дури и да ги разгледа, рече Чупеска.

Чупеска потенцираше дека СДСМ укажува и на неопходноста од системски пристап во економската политика, којшто ќе обезбеди стабилна и предвидлива куповна моќ за граѓаните.

  • Еднократен раст на платите еднаш сега, па повторно за две години, во услови на нестабилна инфлација, не може реално да ја нормализира куповната моќ на граѓаните. Растот на платите мора да биде така димензиониран што постојано ќе парира на инфлацијата. Потребно е да се воспостави правопропорционален однос помеѓу инфлацијата и висината на платите, а тоа математички може да се утврди. Затоа првиот и основен чекор е создавање проект за перманентна усогласеност на инфлацијата со растот на платите, рече Чупеска.

Оваа држава е дефинирана како социјална држава. Секоја економска состојба што го загрозува тој карактер и секоја влада што не води грижа за фер редистрибуција и социјална правичност – ја доведува во прашање социјалната држава, потенцираше потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска.

Прочитајте повеќе

Кина најавува воена обука со Србија, Брисел го предупредува Белград

Кина најавува воена обука со Србија, Брисел го предупредува Белград

Првата заедничка обука на српската и кинеската армија е нов чекор за двете земји во …