Анализа: 70 проценти од возилата на Противпожарните единици се од минатиот век

Анализа: 70 проценти од возилата на Противпожарните единици се од минатиот век

Противпожарните единици располагаат со само 220 возила, притоа, овде спаѓаат не само цистерните и возилата за гасење пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи, откива базата на податоци за возилата на сите 30 територијални противпожарни единици во земјава, изработена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Просечната старост на овие возила е 27 години и дури 154 од 220 возила (70 отсто) се произведени во минатиот век.

„За споредба, министерствата и општините имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 12-то патничко возило доаѓа по едно специјално противпожарно возило. Кај патничките возила има обратна ситуација, односно само 29 проценти се од минатиот век, а 71 проценти се купени во новиот милениум. Наспроти 27-те години на противпожарните возила, патничките просечно се стари 12,5 години“, се вели во анализата.

Возилата на Кратово се најстари – со просечна старост од 39 години, додека најмладиот возен парк го има Велес – со просечна старост од 18 години. Покрај Кратово, просечната старост поголема од 30 години имаат и возилата на противпожарните единици во Битола, Гевгелија, Крива Паланка, Крушево, Охрид, Свети Николе, Струга и Струмица.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …