пари пензии плати

АНАЛИЗА: „Должничка листа“, пораст на долговите на здравството и кон приватниот сектор

Доспеаните, а неплатени обврски на општините достигнаа скоро 61,2 милиони евра и во однос на вториот квартал од годинава тие се зголемени за повеќе од 200.000 евра

Јавните претпријатија на централно и на локално ниво, државните фирми и здравството – водечки според висината на доспеаните, а неплатени обврски. Според новите податоци од Министерството за финансии, за три месеци, јавните претпријатија на локално ниво пријавиле драматично намалување на долговите, но, и покрај ваквиот тренд, тие и натаму остануваат високо на листата на должници, пишува Порталб.мк. Долгот кон приватниот сектор надмина 270 милиони евра.

Државните фирми и јавни претпријатија со најголеми долгови

Доспеаните, а неплатени обврски на општините достигнаа скоро 61,2 милиони евра и во однос на вториот квартал од годинава тие се зголемени за повеќе од 200.000 евра. За три месеци се зголемија и долговите на ЈП на централно ниво и на државните фирми, достигнувајќи ниво од скоро 370 милиони евра или пораст за 42 милиони евра во однос на состојбата  на крајот на јуни.

Во групата на субјекти со растечки долгови се и Јавните здравствени установи. На крајот од третиот квартал доспеаните, а неплатени обврски изнесувале 77,5 милиони евра, со раст од 2,1 милиони евра во однос на вториот квартал. Пораст на долговите има и кај „буџетските корисници од прва и од втора линија“ во кои спаѓаат министерствата, училиштата, инспекторатите, агенциите и другите институции на централно ниво.

АНАЛИЗА: „Должничка листа“, пораст на долговите на здравството и кон приватниот сектор

Споредбената анализа на податоците што ја направи Порталб покажува дека главен „фактор“ за намалување на вкупниот „внатрешен долг“ на ниво на државата се општинските јавни претпријатија кај кои доспеаните долгови за три месеци се повеќе од преполовени – од 186 милиони евра во вториот, намалени се на 89,5 милиони евра во третиот квартал.

Внатрешниот државен долг е по различни основи, но највисоките милионски суми се должат за комуналии, греење, транспорт, набавка на материјали и инвентар, доспеани заеми.

Според податоците од Министерството за финансии, доспеаните а неплатени обврски за комунални сметки, комуникации, греење, транспорт изнесуваат  139,5 милиони евра и иако се со тренд на намалување во однос на вториот квартал, овој вид на долгови остануваат највисоки. По основ на „отплата на главнина до други нивоа на власт“, долгот изнесува 88,5 милиони евра, а долгот за материјали и ситен инвентар изнесува скоро 74 милиони евра.

АНАЛИЗА: „Должничка листа“, пораст на долговите на здравството и кон приватниот сектор

По основ на плати и придонеси за социјално осигурување, долгот изнесува речиси 5 милиони евра, додека доспеаните а неплатени обврски за „договорни услуги“ на крајот од третиот квартал биле во износ од 54,2 милиони евра.

АНАЛИЗА: „Должничка листа“, пораст на долговите на здравството и кон приватниот сектор

Според податоците, за три месеци значајно е зголемен долгот кон приватниот сектор, граѓанските здруженија и непрофитните организации. Во третиот квартал доспеаните обврски кон приватниот сектор надминаа 270 милиони евра, со пораст за 65, 3 милиони евра во однос на вториот квартал. Внатрешните обврски во јавниот сектор изнесуваат скоро 353 милиони евра, доспеаните а неплатени обврски кон странство 35,1 милиони евра, додека долговите кон физички лица на крајот од третиот квартал изнесувале скоро 2,5 милиони евра.

На крајот на септември вкупниот „внатрешен долг“ изнесувал 660,1 милиони евра и во однос на вториот квартал бележи намалување за 22,6 милиони евра.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ангеловска-Бежоска

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана

Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка …