Анализа на економската 2024: Нов менаџмент на јавните финансии, унгарски кредит, животен стандард

Анализа на економската 2024: Нов менаџмент на јавните финансии, унгарски кредит, животен стандард

Нова владеачка гарнитура со нов економски концепт, во пакет со ново задолжување од Будимпешта тешко 500 милиони евра наменети за фирмите и за општините и уште 500 милиони евра за враќање на Еврообврзница од 2018 година. Во меѓувреме инфлацијата „забави“, но наспроти статистиките граѓаните велат дека плаќаат европски цени со македонски плати, пишува Порталб.мк во анализата за економските случувања во 2024 година.

Нова власт – нови економски политики …

На чело на јавните финансии, по втор пат во историјата, застана жена, новата министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. Таа станува менаџер на јавните финасии со доаѓането на власт на новата владеачка гарнитура предводена од ВМРО–ДПМНЕ. По убедливата победа на парламентарните избори, новата власт најави нова економска политика. Владеењето започна со два клучни економски моменти – Унграскиот заем од 500 милиони евра и линерното зголемување на пензиите за 2.500 денари.

„Мислам дека две работи кои што ги најави и делумно ги спроведе новата Влада ќе имаат далекусежни последици врз македонската економија. Едната е задолжувањето од една милијарда евра од унгарската Експорт-импорт банка со каматна стапка од 3,2 отсто и со рок на враќање од 15 години (со вклучен грејс период од три години), од што во 2024 година беа повлечени 500 милиони евра, а другата е линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари, од што во 2024 г. се реализира зголемување на пензиите за 2.500 денари, додека другите 2.500 денари ќе се реализираат почнувајќи со мартовската пензија во 2025 година што ќе се исплаќа во април“, вели новинарот-аналитичар Мирче Јовановски.

„Нема бесплатен ручек во економијата“ – и унграскиот кредит и линерниот пораст на пензиите ќе имаа „цена“ што ќе мора да се плати, велат аналитичарите

„И двете работи влијаат на зголемувањето на јавниот долг, кој според сите укажувања на економистите веќе ја надмина границата од 60 отсто од БДП, што се смета за некој вид „безбедна зона“, но и е над усвоените фискални правила, а тоа се однесува и на буџетскиот дефицит, кој исто така не ги почитува фискалните лимити“, вели Јовановски.

Но, бизнисот го поздрави потегот на Власта за финансиска поддршка преку поволни кредити. Останува да се видат ефектите – дали „евтините пари“ ќе донесат раст на економијата, како што тврдат премиерот Мицкоски и бизнис заедницата.

Но, освен првата „транша“ од 500 милиони евра, Владата од Унгарија ја побара и втората исто така од 500 милиони евра, пари со кои ќе се враќа Еврообврзницата од 2018 година со што новата власт ја оставри најавата за задолжување од 1 милијарда евра само од Унгарија.

Беше најавен и инвестициски бум не само со странски туку и со јавни инвестции а дел од нив треба да бидат и околу 360 проекти на локално ниво финансирани со унгарскиот кредит. Реализацијата на терен сè уште се чека. Дел од економистите посочија на неколку фактори кои можат да ги засенат очекуваните економски ефекти.

„Наместо да се оди кон натамошна децентрализација, целиот процес се врти во спротивната насока каде што Владата е крајниот арбитар кој ќе оцени дали некој проект во општините заслужува да биде одобрен, односно да добие финансии. Мислам дека посоодветен пристап е (иако е подолгорочен) Владата да вложеше напори за зајакнување на капацитетите на локалните единици да можат самите да ги зголемат сопствените приходи, пред се приходите од данок на имот, како и да се зголеми процентот кој го добиваат од ДДВ и од персоналецот, наместо да се земе кредит од странство со кој се зголемува јавниот долг и кој кредит во крајна линија ќе го враќаат сите, вклучувајќи ги и граѓаните од општините кои не добиле ни денар од тој кредит“, вели Јовановски.

Во 2024 година започна и изградбата на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д од страна на конзорциумот Бехтел и Енка. Новата Влада најави можно раскинување или ревидирање на склучениот договор од страна на претходната Влада. Предметот заврши во обвинитеството а функционерите од сегашната власт во друштво со менаџментот на компанијата заеднички најавија дека изградбата продолжува – со ударничко темпо.

Животен стандард – статистика v.s реалност

Економската 2024 година не беше лесна за граѓаните. Статистиките покажуваа дека инфлацијата забавува, но реалноста беше поинаква. Во ноември Државниот завод за статистика објави дека трошоците на живот во споредба со истиот емсец лани се зголемени за дури 4,3 отсто и тоа најмногу кај оние производи кои се неопходни за исхрана, 4 отсто раст кај место, 8,7 кај маслата а за 7,1 проценти се зголемени трошоците за млеко и млечни производи. Според Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната кошница достигна 1.000 евра или толку пари се потребни за се преживее месецот. Од друга страна според Заводот за статистика, просечната нето-плата во државата изнесува 676 евра додека изност на минималната плата во март се зголеми на 367 евра. Иако во 2024 година имаше раст и на минималецот и на републичниот просек на платата, животниот стандард и натаму беше на удар на инфлацијата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 …