АНАЛИЗА: Ревидирана Фискална стратегија – намален економски раст, зголемена инфлација, пониска стапка на вработеност

АНАЛИЗА: Ревидирана Фискална стратегија – намален економски раст, зголемена инфлација, пониска стапка на вработеност

Владата отстапи од првичните прогнози за економијата – растот на БДП ќе биде понизок и годинава и следната година, инфлацијата повисока, трговскиот дефицит ќе се продлабочува. Ревидираната Фискална стратегија 2026-2030 носи нови проекции за следните години пишува Порталб. Овој документ, кој е дел од буџетскиот пакет, ги постапува таргетите на економијата според кои треба да се водат економските политики

Годинава и во 2026  – економски раст под 4 отсто, инфлација од 3,9 отсто до 2,5 отсто

Годинава, која веќе е на истек, ќе заврши со економски раст 3,5 отсто – пониска стапка во однос на претходно планираната на ниво од 3,7 отсто. Во надолна линија е коригирана стапката на раст и за  следната година од 4 отсто на 3,8 отсто.  

АНАЛИЗА: Ревидирана Фискална стратегија – намален економски раст, зголемена инфлација, пониска стапка на вработеност
Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Додека економскиот раст се ревидира во надолна линија, инфлацијата ќе биде повисока, годинава ќе завршиме со 3,9 отсто инфлација, што е значајно повисоко ниво во однос на проекцијата од 2,8 отсто. Следната година нè очекува инфлација од 2,5 отсто, што е исто така повисок ниво во однос на проекцијата за инфлација од 2 отсто.

„Растот на економијата се очекува да биде придвижен од домашната побарувачка, при позитивен придонес и од потрошувачката и од инвестициите, додека пак, нето-извозот се очекува да има негативен придонес. Отстапувања за 2025  има и кај стапката на инфлација којашто е нагорно ревидирана, а нагорно ревидирана е и стапката на инфлација за 2026 додека очекуваните стапки во среднорочниот период 2027-2030 остануваат исти“ – се наведува во Ревидираната Фискална стратегија 2026-2030.

Во нагорна линија се коригирани проценките за висината на платите и невработеноста– па така годинава номиналниот пораст на нето-платата ќе биде 10 отсто, додека следната ова темпо ќе забави на 6,5 отсто. Стапката на невработеноста минимално се подобрува, од 11,2 отсто годинава на 10,1 отсто следната година додека стапката на вработеност годинава ќе изнесува 46,6 отсто што е пониска во однос на првично проектираната од 47 отсто. Следната година просечната стапка на вработеност ќе изнесува 47,3 отсто.  Позначајни отстапувања има кај салдото на тековната сметка, односно трговскиот дефицит. Годинава минусот ќе изнесува 4 отсто што е скоро двојно повеќе од првичната прогноза од 2,2 отсто. Следната година дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 3,8 отсто за разлика од првичната прогноза од 2,1 отсто.    

АНАЛИЗА: Ревидирана Фискална стратегија – намален економски раст, зголемена инфлација, пониска стапка на вработеност
Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Нови заеми и даночна политика 

На почетокот на следната година се очекува нов Еврообврзница, како што најавија од Владата, во износ од 950 милиони евра. Следната година буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 3,5 отсто. Министерството најавува заеми на домашен и на странскиот пазар, дополнително од најавената Еврообврзница.

„Задолжувањето на домашен пазар ќе се реализира преку издавање државни хартии од вредност или домашни заеми. Министерството ќе продолжи да издава државни обврзници со подолги рочности при што ќе се намали ризикот од рефинансирање на долгот“ – се наведува во буџетскиот документ.   

Промена во даночната политика во 2026 не се навестува , но во однос на досегашни проценки за буџетските приходи од даноци има корекција, па така вкупните даночни приходи се зголемени за 1 отсто, намалување за дури 18,9 отсто има на ставката  „други даночни приходи“ а за 0,4 отсто се намалува и прогнозата за приливи по основ на ДДВ. Од друга страна државата очекува зголемување на приходите од данок на добивка, данок на личен доход, акцизи.

Буџетот за 2026 година веќе е усвоен во Собранието, а во собраниска процедура веќе е и новата, ревидирана Фискална стратегија 2026-2030. 

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Горива бензини дизел

Бензините поскапуваат за 1 денар

Oд ноќеска стапуваат во сила новите малопродажни цени на нафтените деривати кои се зголемуваат, одлучиле …