Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски старо-нови шампиони во атлетика

Во неделата, на 4 јули, во Скопје се одржа Националното првенство на Македонија во полумаратон, како дел од календарот на Атлетска Федерација на Македонија.

И оваа година победници на полумаратон во Националното државно првенство на Македонија се Андријана Поп Арсова (АК Делта), кај дамите, и Дарио Ивановски (АК Делта) во машка конкуренција.

Првите три места во женска конкуренција ги освоија членовите на АК Делта. Андријана Поп Арсова заврши прва на целта со време од 1:29.00, зад неа беше Миљана Ристиќ со време од 1:35.30, додека на третото место и припадна на Маја Рајчина со постигнато време од 1:37.22.

Победникот во машка конкуренција, Дарио Ивановски (АК Делта), полумаратонот го заврши со време од 1:11.41. Второто место му припадна на неговиот клупски колега, Атанас Анчевски (АК Делта), кој оствари време од 1:13.12. Кокан Ајановски од NRC – NIKE + RUN CLUB SKOPJE го освои третото место, со резултат 1:17.09.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …