Анджеј Дуда: Полска ќе преземе дополнителни чекори ако Бугарија е неконструктивна во спорот со Северна Македонија

Анджеј Дуда: Полска ќе преземе дополнителни чекори ако Бугарија е неконструктивна во спорот со Северна Македонија

„Доколку Бугарија и бугарските власти реагираат на неконструктивен начин на членството на Северна Македонија, јас сум спремен да се вклучам и да работам на решение кое ќе овозможи Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ“, рече полскиот претседател Дуда при посетата на Скопје.

Македонија може да смета на поддршката на Полска во еворинтегративниот процес на земјата и се очекува од Бугарија поконструктивна позиција во решавањето на отворените прашања, порача полскиот претседател Анджеј Дуда по денешната средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Скопје. Дуда рече дека Бугарија се уште е во изборен процес и се чека да се формира нова Влада и да има јасен резултат од претседателски избори и ситуацијата во земјата најпрвин мора да се разјасни и изрази надеж дека тоа ќе се случи во наредните недели.

„Се надевам, кога тоа ќе се случи, новите бугарски власти ќе имаат поконструктивна позиција за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Од моја страна сакам да го уверам претседателот и македонските власти дека нашата земја, Полска дава константна безрезервна поддршка на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ. Како претседател сакам да потенцирам доколку Бугарија и бугарските власти реагираат на неконструктивен начин на членството на Северна Македонија јас сум спремен да се вклучам и да работам на решение кое ќе овозможи Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ“, рече Дуда.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …