Ангеловска-Бежоска: Нашата финансиска регулатива во голема мера е усогласена со ЕУ

Ангеловска-Бежоска: Нашата финансиска регулатива во голема мера е усогласена со ЕУ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера во Виена, учествуваше на конференцијата „Гледајќи назад, гледајќи напред“ организирана по повод петнаесетгодишнината од првиот бран на проширување на Европската Унија (ЕУ), кога во неа пристапија единаесет земји од Балтикот, Централна и Југоисточна Европа (ЦЈЕ).

„Нашиот финансиски систем, како и системите во останатите земји од ЦЈЕ е во голема мера поврзан со европскиот финансиски систем, што се согледува преку значителното учество во сопственоста од страна на европски банки. Релативно високиот степен на финансиска интеграција донесе значајни придобивки за нашата економија, како што се пристапот до надворешни извори за финансирање за поддршка на растот, поголемата понуда на финансиски производи за населението и корпоративниот сектор со што се поттикнува и штедењето и кредитирањето, како и трансферот на финансиско знаење“, рече Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата посветена на финансиската интеграција.

Гувернерката го истакна и високиот степен на усогласеност на домашната регулатива за банкарскиот систем со европската регулатива, што придонесува за стабилноста и отпорноста на нашиот банкарски систем и истовремено создава услови за натамошна финансиска интеграција, што е особено значајно во контекст на нашата стратешка определба да бидеме дел од европското семејство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Битиќи: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Битиќи: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

„Добросостојбата на граѓаните е императив и тоа сме го докажале тоа, се во нашата програма …