Ангеловска: Сакаме најдобрите лекари и наставници да ги задржиме во земјава

Со буџетот за 2020 година ќе инвестираме во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа и воопшто подобри услови за живот на сите граѓани. Сакаме најдобрите лекари да бидат во јавното здравство, сакаме квалитетни идни генерации, а за тоа е предуслов квалитетното образование.

Ова, меѓудругото, го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска, на почетокот на расправата за предлог-буџетот 2020 на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

-Овој буџет е фокусиран на инвестициите во човечкиот капитал затоа што како земја, сме исправени пред најголемиот предизвик: како да ги задржиме нашите граѓани во земјата, како да им понудиме подобри услови за живот и како да придонесеме да бидат посреќни и помотивирани на нивните работни места, – рече Ангеловска.

Според пратеникот на СДСМ, Диме Велковски буџетот за 2020 година е развоен и во својот фокус го става човечкиот капитал.

„Вложувањето во човечкиот капитал е неопходно затоа што треба и мора да бидеме конкурентни со светската економија за да можеме да го одржиме економскиот раст. Буџетот за 2020 година претставува инвестиција во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа, инвестиција во развој на инфраструктурата“, рече Велковски.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски станува збор за „најголемиот, најрасипничкиот, најкоруптивниот и  најнеразвојниот буџет во историјата на независна Македонија“.

„Буџетот за идната година е поголем за 200 милиони евра од буџетот за оваа година, а сумата која се одвојува за капитални инвестиции и процентуално и номинално е помала од сумата која беше предвидена за оваа година.Наместо буџетот да придонесува за подобрување на квалитетот и продуктивноста на администрацијата, Заев и Ангеловска со овој буџет прават класичен поткуп за предстојните парламентарни избори манипулирајќи ги граѓаните велејќи дека вложуваат во човечки капитал.Треба да се има проекти за да се оспособат младите луѓе, тоа е капитал, а вака тие се само потрошувачи. Овој буџет не создава услови за капитал а што имаме ние, во услови кога се зголемува буџетот,  се намалуваат инвестициите“, рече Мицевски.

Прочитајте повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите …