Анѓушев: Новиот закон за енергетика ќе штити од неконтролиран раст на цените на струјата

Анѓушев: Новиот закон за енергетика ќе штити од неконтролиран раст на цените на струјата

На денешната јавна расправа за предлог- законот за енергетика во Собранието, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека овој закон се носи за доброто на граѓаните и дека обезбедува конкурентност во енергетскиот сектор.

„Овој Закон обезбедува конкурентност, а кога постои конкурентност има и бенефит за крајните корисници, бидејќи со зголемена конкуренција се подобрува квалитетот на услугите и се намалуваат цените“, рече Анѓушев.

Механизмот на изборот на универзален снабдувач, кој ќе биде избран во јавна постапка, обезбедува заштита на граѓаните, како крајни потрошувачи на енергенсите.

„Мораме да се заштитиме од можноста цените неконтролирано да растат. Тоа во овој закон е направено квалитетно, во делот на електричната енергија, каде што е воведен универзалниот снабдувач кој ќе биде избран на јавен повик, со дефинирани критериуми “, дополни Анѓушев.

Преку спроведување на законот се овозможува поддршка за обновливите извори на енергија. Со овој Закон, преку воведување на премиум тарифите се дава можност за отворање нови локации за изградба на фотоволтаични централи, при што државата ќе објави тендери за премиуми, а инвеститорите ќе имаат можност произведената струја да ја продаваат на слободен пазар.

Тој додаде дека Владата ќе го реализира проектот за изградба на нови ветерните електрани, додека се постигне моќност од 150 мегавати, што е во согласност со студијата за одржливост во рамките на енергетскиот систем на Македонија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …