Анкета на МЦМС и Телма: Мнозинството граѓани веруваат дека Владата нема да попушти пред притисокот од Бугарија

Мнозинство од граѓаните веруваат дека нашата влада нема да попушти пред притисокот од соседна Бугарија. Вкупно 54,7 отсто воопшто или до некаде не се согласуваат со изјавата дека Владата на РСМ ќе се согласи со сè што ќе побара Бугарија, а малку повеќе од третина (37,4 отсто) рекле дека целосно или до некаде се согласуваат со таа изјава. Ова се дел од резултатите од последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма посветена на релациите меѓу Македонија и Бугарија, а во светло на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

Разлики во одговорите на ова прашање можат да се видат кај најголемите етнички заедници, па така, 61,3 отсто од етничките Македонци воопшто или до некаде не се согласуваат со таа изјава, а од нив, 44,8 отсто воопшто не се согласуваат со оваа изјава, додека 56,6 отсто од испитаниците етнички Албанци рекле дека целосно или до некаде се согласуваат со изјавата.

На прашањето „Што е најмалку прифатливо за вас во односите со Бугарија“, граѓаните најчесто го избирале одговорот „сите се неприфатливи“. За речиси една петтина од оние кои решиле да изберат своја црвена линија, најнеприфатливо е признавањето дека Гоце Делчев и припаѓа на Бугарија и на нејзината историја. Потоа, 18,3 отсто од граѓаните црвената линија ја поставуваат на постоењето на македонската нација и пред 1944 година, додека за 14,9 отсто е најнеприфатливо да не се употребува терминот „македонски јазик“ во ЕУ.

За 45 отсто од етничките Македонци сите изјави се неприфатливи. На второ место е припадноста на Гоце Делчев која е најважна за 34 отсто од испитаниците, а потоа е постоењето на македонската нација која е црвена линија за 25,3 отсто од граѓаните Македонци. Најголем број од етничките Албанци (30,7 отсто), црвената линија ја поставиле на македонскиот јазик во ЕУ, а веднаш потоа е постоењето на македонската нација (23,2 отсто).

Анкетата опфати и неколку тнр. економски прашања. Поделени се мислења на граѓаните во поглед третманот на националните власти и институциите низ годините на развојот на Коридорите 8 (Бугарија-Албанија) и 10 (Србија- Грција). Вкупно 44,2 отсто се согласуваат дека третманот бил фер и подеднаков, додека 42,4 отсто не се согласуваат со тоа. Мнозинство од испитаниците (52,4 отсто) сметаат дека националните власти и институциите фер и подеднакво се однесуваат кон фирми, банки и економски иницијативи од Бугарија наспроти другите соседи. Наспроти нив, над една третина односно 35 отсто не се согласуваат со таа констатација.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета во периодот од 31 октомври до 5 ноември 2020 година. Анкетата  е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години. Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …