Анкета на „Социетас Цивилис“: 34 отсто од испитаниците не би се вакцинирале против ковид-19

Анкета на „Социетас Цивилис“: 34 отсто од испитаниците не би се вакцинирале против ковид-19

Оолу 34 отсто од испитаниците во анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ одговориле дека не би се вакцинирале против ковид-19, а 16 отсто не донеле одлука дали сакаат или не сакаат да се вакцинираат. Останатите 50 отсто изразиле подготвеност да се вакцинират, кога им било поставено прашање дали би се вакцинирале утре, ако има вакцини на располагање.

Анкетата е спроведена со 1.010 испитаници во периодот 17 февруари – 10 март 2021, а главните прашања поставувани на неа биле за работата на Собранието.

Најголемиот дел од оние испитаници што рекле дека би се вакцинирале, како најдобра ја избрале вакцината на „Фајзер“, потоа руската „Спутник В“, па кинеската „Синофарм“, потоа вакцината против ковид-19 на „Модерна“, а најмал број граѓани ја навеле вакцината „АстраЗенека“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …