Анкети во Бугарија: ГЕРБ на Борисов води пред „Продолжуваме со промената“ на Петков

Анкети во Бугарија: ГЕРБ на Борисов води пред „Продолжуваме со промената“ на Петков

Според две анкети спроведени во Бугарија, чии резултати се објавени вчера и денеска, главната партија во актуелната владејчка коалиција, односно „Продолжуваме со промената“ го загуби приматот во довербата на гласачите пред ГЕРБ на Бојко Борисов, која долго владееше со Бугарија. Исто така, повеќе од половината Бугари не сметаат дека актуелната владејчка коалиција ќе го заврши докрај владиниот мандат.

Според анкетата на истражувачкиот центар „Тренд“ за весникот „24 часа“, која е презентирана денеска, на следни парламентарни избори победник би била ГЕРБ, а пак националистичката партија „Взраждане“, која е обвинета за блискост со Русија, втор месец по ред ја зголемува својата популарност меѓу Бугарите.

Според оваа анкета, од 22,9 отсто од анкетираните што во март се определиле за „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков, во април таа бројка спаднала на 20,1 отсто. Овој пад на популарноста на првата позиција ја исправа ГЕРБ, која добила 23,6 отсто доверба.

Според анкетата на „Тренд“, „Взраждане, од 7,3 отсто доверба во март, во април се качувува за 2 отсто и сега има доверба од 9,3 отсто, што ја позиционира како петта политичка сила во Бугарија, по „Движење за права и слободи“ (ДПС) и Бугарската социјалистичка партија (БСП), кои имаат доверба од 11,1 отсто и 10,5 отсто, соодветно.

„Демократска Бугарија“ има 7,1 отсто од гласовите, а „Има таков народ“ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, и партијата на актуелната министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, во април има доверба од 6,9 отсто.

Малку повеќе од половина гласачи, односно 52 отсто сметаат дека актуелната влада нема да го заврши мандатот, додека 28 отсто се со спротивно мислење.

Според вчера објавената анкета на агенцијата „Алфа Рисерч“, ГЕРБ на Борисов има доверба од 21,7 отсто, а „Продолжуваме со промената“ 18,4 отсто. На трето место е БСП со 10,2 отсто, „Взраждане“ од 9,4 отсто, а ДПС со 7,6 отсто, Демократска Бугарија 6,7 оѕдѕо, а ИТН 4,5 отсто.

Според новата анкета, онаа на „24 часа“, популарноста на парламентот се задржува на нивото, со 24 отсто гласови, а кај оценката за работата на Владата има пад – од 29 отсто доверба минатиот месец, до 27 отсто во април.

Прочитајте повеќе

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …