Анонимно сведоштво за Порталб од модуларната болница во Тетово: Маж ми го извлеков преку прозор

Двајца сопружници од Тетово, во анонимно интервју за Порталб.мк, сведочат за нивното искуство со пожарот во модуларната болница во кој загинаа 14 лица, а 12 беа спасени. Трагедијата се случи ноќта на 08 септември веднаш по прославата на 30 годишнината од независноста на земјата, а според она што го посведочија соопружницитте, пожарот настанал во соседната соба од онаа каде што тие биле сместени. Двајцата побарале да останат анонимни.

„Сè се случи многу брзо, во моментите кога една млада девојка требаше да биде ставена на реанимација во другата соба“, вели сопругот, кој всушност е ковид-пациент и бил сместен во болницата, а неговата сопруга, како што велат, била таму за да се грижи за него.

Сопругот вели дека самиот не видел како избувнал пожарот, но слушнал од сопругата дека имало некаков електричен проблем, нешто се запалило и одеднаш огнот почнал да се шири.

„Сопругата го скри тоа од мене, за да не видам што се случува за да не се вознемирам бидејќи бев болен, и делумно неподвижен“, вели тој.

„Во тие моменти огнот почна да се шири многу брзо“, додава пациентот.

Неговата сопруга, пак, вели дека од нејзе било побарано шише вода од страна на медицинскиот персонал. Таа го подала шишето и ја затворила вратата. Сите пациенти во собата биле на кислородна поддршка, не сакала да ги вознемирува, па тргнала да ги отвори прозорците.

„Го отворив прозорецот, ја отстранив жицата, гледам оддалеку никој не доаѓа да ми помогне. Ја извадив жицата и го извлеков сопругот од болницата, го извадив преку прозор“, раскажува жената низ солзи.

Нејзиниот сопруг додава дека целата болница горела многу бргу, а тој не забележал дали имало противпожарни апарати.

Откако излеговме од прозорецот, оттидовме во паркот да се смириме, да дишам бидејќи имам проблеми со дишењето поради болеста. Побегнавме што е можно подалеку од пожарот“, вели сопругот додавајќи дека пожарникарите вложиле доста напори да ги спасат луѓето, но за жал за некои од пациентите било веќе предоцна.

При интервјуто, како што посочува новинарот на Порталб, двојката била многу вознемирена, а жената цело време низ солзи раскажувала за ова трагично доживување. Тие изразиле најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и посочиле оти се надеваат дека овој настан ќе биде наскоро ртасчистен и ќе има одговорност.

Одговарајќи на новинарски прашања на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека апсолутно никој нема да избегне одговорност за пожарот вчеравечер во болницата во Тетово, па ниту тој, ако истрагата утврди одговорност.

Според министерот за здравство, ќе се објават и сите спецификации за тетовската модуларна болница, во оној миг кога обвинителството ќе го дозволи тоа.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека издале наредба да се обезбедат снимките од видео-надзорот во и околу објектот на Тетовската модуларна болница која синоќа, на денот на прославата на три децении независност, изгоре до темел и однесе повеќе жртви, пациенти заболени од ковид-19.

Прочитајте повеќе

мицкоски

СДСМ: Мицкоски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Соопштение за јавност на СДСМ Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола …