Анонимус Хакер

Анонимус ѝ објави кибер-војна на руската влада, турнати сајтовите на рускиот медиум „РТ“ и некои институции

Во екот на рускиот напад врз Украина, познатата хакерска група Анонимус ѝ објави кибер-војна на руската влада, а потоа беа турнати повеќе веб-страници на државни медиуми и институции. Меѓу другите беше недостапен сајтот на пропагандниот руски медиум „РТ“, а Анонимус излегоа со порака до медиумите „да не ја кријат вистината од луѓето“.

„Анонимус официјално е во сајбер-војна против руската влада“, напишаа хакерите на Твитер.

 

Хакерските активисти собрани во колективот Анонимус немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мноштвото“, што значи дека се голем број поединци.

Тие синоќа издадоа и предупредување дека руската армија се подготвува да го ракетира Киев, што неколку часа подоцна и се случи.

И веб-страниците на руската влада, Кремљ, Думата, Министерството за одбрана беа погодени од кибер-напади, при што некои од веб-локациите беа забавени, а други беа отстранети од интернет на подолг период во текот на денот.

Прочитајте повеќе

Доли Партон, кралицата на кантри музиката почина на 80 години

Доли Партон, кралицата на кантри музиката почина на 80 години

Доли Партон, која се искачи од скромни почетоци до најголемите височини на американската музичка сцена …