Апел за помош на 52-годишната прилепчанка Наташа Јорданоска

Апел за помош на 52-годишната прилепчанка Наташа Јорданоска

На Наташа Јорданоска, 52-годишна прилепчанка, пред 2 години и’ беше дијагностициран редок вид на рак на левата страна од лицето.

Наташа и нејзиното семејство презедоа се’ што можеше да се направи во нашата држава: две операции, терапија која до скоро даваше резултати, но канцерот повторно почнал да прогресира заради што е неопходен оперативен зафат за негово остранување.

После извршените консултации од страна на нејзиното семејство, утврдено е дека на Наташа и’ е потребен третман, односно операција која може да биде извршена само во Турција. Нејзиното семејството не е во можност да ги обезбеди потребните финансиски средства, заради што апелира на помош од заедницата и хуманите граѓани.

„Нашата мајка е борец, минатата година го загуби и сопругот, нашиот татко, кој почина од рак. Се надеваме дека ќе успееме да и’ дадеме шанса да живее подолго, затоа што таа тоа го заслужува после се’ низ што помина. Ви благодариме”, се вели во апелот на нејзиното семејство.

Финансиските средства можат да се уплатат на следниот ЛИНК

Исто така, средства може да се донираат и на жиро сметка.

За странство:

Број на сметка: 02-307-0536565.8 Методија Јорданоски / Комерцијална банка АД Скопје / IBAN MK07300307053656594 / SWIFT KOBSMK2X

За Македонија:

Жиро сметка: 300027077259812 на име Методија Јорданоски

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …