Апелација му ја укина затворската казна на бегалецот Грујевски за „Тврдина 2“

Апелација му ја укина затворската казна на бегалецот Грујевски за „Тврдина 2“

Апелацискиот суд во Скопје ја укина пресудата за поранешниот началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски, во предметот на СЈО „Тврдина 2“. Со пресудата, Грујевски кој сега е бегалец во Солун, беше осуден на година и пол затвор за уништување списи и документи за незаконското прислушување.

Тоа значи дека за овој предмет, судењето за Грујевски треба да почне од почеток. Oва е одлуката на тричлениот кривичен совет со кој претседаваше судијката Цветанка Периќ по жалбата на адвокатите на Грујевски. Јавната седница се одржа годинава кон крајот на март.

Причината за укинувањето на пресудата за случајот „Тврдина 2“, која ја донесе судијката Лидија Петровска, позната од „бомбите“, е тоа што не биле исполнети законските услови за на обвинетиот Грујевски да му се суди во отсуство.

Грујевски, инаку е обвинет и во случајот за масовното прислушување „Тврдина – Таргет“ и во предметот „Трезор“, а против него СЈО ја води истрагата „Странски служби“, за набавка на опремата за прислушување.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …