Апелација на 30 и 31 август ќе одлучува за затворската казна на Груевски во „Тенк“

Апелација на 30 и 31 август ќе одлучува за затворската казна на Груевски во „Тенк“

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе расправа за жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за казната затвор од две години за случајот „Тенк“, за набавка на блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра, објави „СДК“.

Груевски на 23 мај годинава е неправосилно осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од средства на полицијата, по негова лична желба.

Судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 во истиот предмет „Тенк“ го прогласи за виновен и обвинетиот поранешен помошник-министер за јавни набавки во МВР Ѓоко Поповски и го осуди на казна затвор од 6 години и 6 месеци.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …