АПРИЛИЈАДАТА ВО РЕСЕН: КРАЛОТ И КРАЛИЦАТА НА ЧЕЛО НА КОЛОНАТА

АПРИЛИЈАДАТА ВО РЕСЕН: КРАЛОТ И КРАЛИЦАТА НА ЧЕЛО НА КОЛОНАТА

Децата од сите училишта и градинки во Преспа денес го одбележуваат Меѓународниот ден на шегата први април. Под маски, костими и во знакот на празникот, на плоштадот во Ресен продефилираа голем број маскирани јунаци. Во автомобил, предводници на првоаприлската поворка беа кралот и кралицата, водители на годинешниот настан.

„Секоја година е обидуваме на различен, покреативен и инвоативен начин да го одбележиме денот на шегата, 1 април. Ние повозрасните мора да учиме од децата, дека смеата и шегата, без разлика на денешниот динамичен начин на живот, треба и мора да бидат составен дел од нашето секојдневие. Така и годинава, плоштадот во Ресен беше претесен да ги собере сите учесници од градинките и училиштата, кои сакаа пред пошироката јавност, но и пред своите родители и наставници, да ја покажат својата креативност“ истакна Васко Василевски, директор на Домот на културата „Драги Тозија“.

Пред бројната публика, продефилираа голем број маски, а водителите преку обичаи и настани од различни меридијани, го опишаа прославувањето на 1 април, денот на шегата. И годинава, арпилијадата во Ресен се одржува под покровителство на градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски. 

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …