Архитектите ја поздравија одлуката новиот Клинички центар да се гради во Злокуќани

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја поздрави одлуката на Владата и Министреството за здравство, со која се разреши дилемата околу изградбата на новиот Клинички центар, кој треба да се гради во Злокуќани.

„Истовремено изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата новиот Клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што беше заложба на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и на неколку генерации врвни архитекти пред нас, кои се залагале за изградба на еден, нов модерен клинички центар по сите светски стандарди“, се вели во соопштението на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Од таму додаваат дека се задоволни што при донесувањето на ваквата одлука на Владата биле земени предвид и мислењата и сугестиите на стручната јавност.

„Се надеваме дека оваа соработка при носењето на важни одлуки за унапредување на урбаниот простор на Македонија ќе продолжи и во иднина“, велат од Асоцијацијата.

Одлуката ја поздравија и Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора на Македонија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски – Олчак: Филип Морис ги зголемува инвестициите во Тутунски комбинат Прилеп, пласман на македонското производство во странство

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Њујорк се сретна со …