Архива на загадувачи – граѓани може да пријавуваат жаришта на загадување преку онлајн мапа

Архива на загадувачи – граѓани може да пријавуваат жаришта на загадување преку онлајн мапа

Наместо на социјалните мрежи, граѓани отсега може да ги пријавуваат загадувачите што ги забележуваат и преку онлајн мапа.  Станува збор за Архива на загадувачи – онлајн мапа изработена од креаторите на апликацијата „Мој воздух“.

На неа секој граѓанин може да пријави какво било жариште на загадувач. На мапата со црвени точки се претставени сите загадувачи кои што се пријавени од граѓани. Досега, граѓаните пријавиле загадувачи во Скопје, Куманово, Кочани и Кавадарци.

Од „Мој воздух“ појаснуваат дека за внесување на загадувач во архивата, треба да се пополнат три лесни чекори – опис, фотографија и локација.

Пријавата првично ќе биде разгледана од „МојВоздух“ пред да се појави на мапата поради филтрирање на вулгарности, лични информации и невалидни пријави.

„На почетокот секако ќе е празна мапата, но ни требаат вашите слики за да ги воочиме жариштата на загаување!“, велат од „Мој Воздух“.

Извор: Радио Моф

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …