Армијата дејствува со војници и хеликоптери за гаснење на пожарите

Армијата дејствува со војници и хеликоптери за гаснење на пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, при што два хеликоптери непрекинато учествуваат во гасењето на пожарот и ставање под контрола, додека во исто време уште еден хеликоптер е во целосна подготвеност за ангажирање, соопштија од Генералштабот на АРМ.

Во исто време во касарните во целосна подготвеност за ангажирање се ставени уште 1.000 припадници на Армијата кои во случај на укажана потреба ќе бидат ангажирани во истиот момент.

На утринскиот итен состанок на министерката Радмила Шекеринска со началникот на Генералштабот Ѓурчиновски и армискиот врв се зборувало за координација на учеството на Армијата во справувањето со пожарите.

Вчеравечер, по издадената наредба од Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените Сили Стево Пендаровски, началникот на генералштабот на Армијата издаде наредба за ангажирање на сите потребни капацитети на Армијата за справување со пожарите кои се присутни на територијата на Републиката.

Припадниците на Армијата во координација со сите инволвирани субјект во доцните ноќни часови вчера ангажираа стотина армиски припадници во гаснењето на пожарот кај Кочани, додека од раните утрински часови, припадници на армијата се вклучија во гасење на активниот пожар кво реонот на Делчево и Пехчево.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …