СДСМ лого

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со аздисување и да почнат со штедење

Соопштение за јавност на СДСМ

Нема оправдување за аздисувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен што не работат ништо, не се кадарни да реализираат ниту веќе започнати проекти, трошат милиони евра од општинските буџети за партиски вработувања, набавки на чоколадни бонбони и други аздисувања.

Истовремено, се жалат дека општините немаат пари и бараат помош од Владата, наместо да им помогнат на граѓаните во време на криза.

Градоначалничката Данела Арсовска досега ништо не сработи, постојано бара пари од Владата, а годинава ќе потроши 670.000 евра од градскиот буџет за партиски вработувања.

Нејзиниот пример го следат многу други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ како што се градоначалниците на Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден, Сопиште…

Ако Арсовска е загрижена за функционирањето на Град Скопје и другите општини, нека даде пример за домаќинско работење и нека ги пренамени парите за вработувања, а потоа нека ги повика и останатите градоначалници да го сторат истото.

Во време на криза овие градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошат над еден милион евра за партиски вработувања.

Крајно време е Арсовска и останатите градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со аздисување и да почнат со штедење, бидејќи граѓаните очекуваат конечно да почнат да реализираат проекти, да решаваат проблеми и да работат во интерес на граѓаните и општините.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …