Асфалтирана улицата „Стеван Апостолоски“ во центарот на градот

Асфалтирана улицата „Стеван Апостолоски“ во центарот на градот

Општина Прилеп ја продолжува градежната “офанзива“ и забрзано ја реализира Програмата за уредување на патната мрежа во општината.

Деновиве беше целосно асфалтирана улицата „Стеван Апостолоски“ во централното градско подрачје и тоа на површина од околу 1300 метри квадратни.

Градоначалникот Илија Јованоски, заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски ја посетија Урбаната заедница „Центар“ каде разговараа со граѓаните кои живеат на новоасфалтираната улица „Стеван Апостолоски“.

Притоа, градоначалникот Јованоски уште еднаш ги потврди личните заложби и ветувања дека Општина Прилеп добива современа патна инфраструктура и дека сите улици во градот каде не постојат имотно-правни пречки, ќе бидат асфалтирани.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …