Асфалтирана улицата „Вера Циривири“

Асфалтирана улицата „Вера Циривири“

После долги години, улицата „Вера Циривири“ доби нов асфалтен слој.
Откако беше извршено гребење и порамнување, на улицата беше
поставено ново платно, односно нов асфалт.
„Се работи за замена на платното во должина од 320 метра и вкупна
површина од околу 1.900 квадрати, така што овој дел од улицата ‘Вера
Циривири’ па до надвозникот кај обиколницата, е во одлична состојба и
граѓаните ќе можат да користат една добра сообраќајница. Ние како
надзор го имаме предвид сето ова и ги контролираме сите дејствија кои
се одвиваат, како количински, така и квалитетот на работите“, изјави
Благоја Богоески, надзор над градежните активности.
Истовремено, паралелно се врши асфалтирање на повеќе улици во
градот, меѓу кои и на улиците „Петта Прилепска бригада“,
„11.Октомври“ и „Трајко Тарцан“.

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …