Асфалтирани пет краци на улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“

Асфалтирани пет краци на улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“

Општина Прилеп со забрзано темпо ја спроведува комуналната програма за уредување на патната инфраструктура за 2019 година. Деновиве интензивно се работеше на подобрување на патната мрежа во Урбаната заедница „Чачорица“, каде на големо задоволство на граѓаните, беа асфалтирани пет краци од улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“

Асфалтирани пет краци на улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски““Моментално сме на едниот од трите краци, коишто се асфалтираа и сето тоа во интерес на граѓаните. Вкупната должина на краците е 350 метри и целата ширина којашто ја имаат е постигната во целост. Така да сега движењето по овие три краци е многу подобро и поефективно за граѓаните. Во меѓувреме, исто така, се асфалтираа и два краци од улицата „Цане Кузманоски“, во делот на населбата „Чачорица“, односно на делот наспроти пиварата. Таму вкупната должина е околу 280 метри“, изјави Благоја Богоески, задолжен за надзор врз градежните работи.

Граѓаните кои живеат во Урбаната заедница „Чачорица“, не го кријат своето задоволство од работата на градоначалникот Илија Јованоски, затоа што конечно после многу години се урбанизираше и овој дел од патната инфраструктура во Општина Прилеп.

Асфалтирани пет краци на улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски““Задоволни сме од ова што се направи, да не речам после 50 години. Одевме со чизми и во лето, а не само во зима. Конечно се изнајде сила да се направат улиците и многу сме благодарни на градоначалникот и на сите други кои се ангажираа околу ова“, изјави Ширкоски Ѓоре, жител на крак од улицата „Александар Македонски“.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …