Атанас Стојанов, градоначалник на Сандански: Сум ја оставил колата отклучена и некој ми ги подметнал парите

Атанас Стојанов, градоначалник на Сандански: Сум ја оставил колата отклучена и некој ми ги подметнал парите

Oткако во неделата беше уапсен за купување гласови за време на парламентарните избори, заради што помина 24 часа во полициска станица, градоначалникот на бугарскиот град Сандански, Атанас Стојанов кажа дека некој го мести и дека тој ништо не знае за пликовите со пари и списоците со имиња кои што беа најдени во неговиот автомобил.

„Воопшто не сум ги допрел пликовите кои што беа најдени во мојот автомобил. Веројатно некаде сум ја оставил колата отклучена и некој ми ги подметнал“, изјави Стојанов по апсењето.

Атанас Стојанов беше потпретседател на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, со кого заедно поднесоа оставки после катастрофалните резултати на неделните изборите кога нивната партија освои 1 % од гласовите и нема да има пратеници во бугарскиот парламент.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …