Атанасов: Зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе значи приближување на нашето образование до европското

Атанасов: Зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе значи приближување на нашето образование до европското

Во целодневна работна посета на Прилеп, денеска престојуваше заменик министерот за образование, Петар Атанасов. Заедно со градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски, заменик министерот Атанасов го посети ООУ „Гоце Делчев“.

Градоначалникот Илија Јованоски, рече дека според постигнатите резултати, минатата година ова прилепско училиште било второрангирано во Република Македонија. Општина Прилеп, како што напомена градоначалникот, ќе продолжи со инвестициите во образовните институции, како и со изработка на проекти со кои ќе аплицира пред европските фондови.

Атанасов: Зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе значи приближување на нашето образование до европското„Општина Прилеп издвои 3 милиони денари за реконструкција на тоалетите во ООУ ‘Гоце Делчев’. Да напомнам дека тоалетите во училиштето се реновираат прв пат после 40 години, а Општина Прилеп во рамките на своите можности ќе продолжи и понатаму со сите потребни реконструкции овде, но и во сите други основни и средни училишта. Оваа година издвоивме 20,6 милиони денари за училиштата во Прилеп, од кои 14,6 милиони за основните и 6 милиони за средните училишта“, изјави градоначалникот Јованоски.

Заменикот министер за образование и наука, Петар Атанасов, го изрази своето задоволство од сознанието дека локалната самоуправа инвестира во општинските основни и средни училишта.

Атанасов: Зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе значи приближување на нашето образование до европското„Образованието е широка тема. Со јавноста можам да споделам дека сум во комуникација со Националната агенција за образовни политики, каде изминативе години искористеноста на фондовите на ЕУ, особено ‘Еразмус’ проектите и на проектите со младите, е околу 98 отсто. Во циклусот 2021-2027 ќе бидат дуплирани фондовите за Република Македонија, при што колку ќе растат капацитетите на државните институции, толку повеќе ќе можеме да црпиме фондови. Сето тоа е врзано со нашето зачленување во ЕУ, или патот за отворање преговори, за да можеме што побргу да бидеме корисници на овие програми. Со приближувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО, ќе се отвораат нови работни места, ќе има потреба од млади луѓе од Македонија кои што ќе бидат вклучени во овие структури, но секако и приближувањето на европското образование кон нашите простори, размената на мобилноста, ќе придонесе Република Македонија и целото општество да се приближи кон еден помодерен и поквалитетен живот“, потенцираше Атанасов.

Градоначалникот Јованоски, претседателот на Совет Талевски и заменик министерот Атанасов, го посетија и СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“. Од страна на директорката на училиштето, Билјана Маркоска, Атанасов беше информиран за реконструктивните зафати кои биле преземени во текот на летниот распуст, во насока на подобрување на условите за изведување на наставата. На средбата со професорите од средното општинско училиште, заменик министерот ги запозна со неговата визија за образованието во Македонија во целина, како и за измените кои ќе се направат во законската регулатива, а кои ќе бидат во функција на унапредување на образовниот процес.

Дел од денешната агенда на заменик министерот Атанасов, беше и средбата со директорите на основните и средните училишта од Прилеп, на која се разговараше за конкретните мерки кои треба да бидат преземени, во насока на подобрување на образовниот процес во државата во целина.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …