Атанасов: Законот за високо образование обезбедува поголем квалитет на образованието и автономија на универзитетот

Атанасов: Законот за високо образование обезбедува поголем квалитет на образованието и автономија на универзитетот

Прес конференција на Петар Атанасов, пратеник од редовите на СДСМ:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со спроведување на мерките за  унапредување на образованието, што е предуслов за општествен развој,економски напредок и повисок животен стандард.

Пратениците од владејачкото мнозинство вчера го изгласаа Законот за високо образование, кој обезбедува поголем квалитет на образованието и автономија на универзитетот.

Со новата законска регулатива универзитетот што досега свесно беше ставен на маргините на општеството, повторно станува важен дел на системот. Ја обезбедуваме уставно загарантираната академска слобода, достоинство на професорите и на студентите и го враќаме угледот на универзитетот.

Три основни начела се вградени во новото законско решение: почитување на автономијата на универзитетот, дизајнирање на нов начин на управување со универзитетот, како и решавање на суштинските прашања, квалитетот и финансирањето во високото образование.

Универзитетите, преку овој закон, им се враќаат на професорите и на студентите, без можност за дневно – политички влијанија во спроведувањето на нивната настава, научна и кадровска политика.

Создадовме услови државните универзитети вистински да се реформираат, но не преку централизација на дејноста и функциите, туку преку подемократско и потранспарентно управување во кое одлучувачки фактор ќе бидат професорите, нивните матични институции и студентите.

Ова ново и исклучително важно законско решение беше подготвено во соработка со претставници на универзитетите, на синдикатите во образованието, како и претставници од професорскиот и од студентскиот пленум што дава дополнителен квалитет.

Исто така, процесот на подготовка на Законот го следеа низа јавни расправи, при што беа земени предвид мислењата и предлозите што произлегоа од тие дебати.

Низ еден транспарентен и инклузивен процес усвоивме закон кој е целосно во согласност со европските стандарди и критериуми, кој гарантира обезбедување квалитет во високото образование.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …