Атанасова Точи добитник на наградата „Никола Младенов“

Атанасова Точи добитник на наградата „Никола Младенов“

Новинарката Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година, што денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Точи е добитник на првата награда за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови, со кои се откри фалсификувањето на лековите и злоупотребите на власта за манипулирање на граѓаните со квалитетот и цената на лековите.

Втората награда за најдобра истражувачка сторија ја доби тимот новинари на БИРН објавени за истражувачката сторија „Странските инвестиции под лупа“ објавени на „Призма“.

Третата награда ја добија Петар Клинчарски за сторијата „Илјада преводи“ и Лиридона Вејсели за сторијата „Каде е штабот на џихадистите“.

МИМ и додели пофалница и на Славица Филиповска за сторијата „Колку време ни треба да го уништиме најстарото езеро во Европа“ исто така објавена во емисијата „360 степени“ на „Алсат“.

На годинешниот 17. конкурс на МИМ се пријавиле 38 автори од вкупно 60 стории обработени во 154 текстови – прилози објавени на интернет портали, телевизии, дневни весници и во неделници.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: Министерството за култура има уредна документација и останува инвеститор на Универзалната сала

Костадиновска-Стојчевска: Министерството за култура има уредна документација и останува инвеститор на Универзалната сала

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, со цел прецизно и транспарентно информирање на јавноста, на денешната …