Атлетичарката Ислами постави нов државен рекорд и победи на 400 метри со пречки на ЕП во Кипар

Атлетичарката Ислами постави нов државен рекорд и победи на 400 метри со пречки на ЕП во Кипар

Најдобрата македонска атлетичарка Дрита Ислами постави нов државен рекорд на 400 метри со пречки и победи на трката на Европското првенствено – трета дивизија што се одржува во Кипар, информираат од Атлетската федерација на Македонија.

„57.53 секунди и прво место, што е еднакво на 1.095 бода според таблицата на Светската атлетика. Подобрување од повеќе од една секунда на претходниот македонски рекорд, 58,66, поставен токму од Дрита на 29 мај оваа година“, велат од Атлетската федерација на Македонија.
Атлетичарката Ислами го освои првото место далеку пред конкуренцијата во втората финална трка, со оглед што станува збор за екипен шампионат во кој атлетичар(к)ите се борат за бодови за својата репрезентација, а не за личен пласман. Фантастичниот успех за македонската атлетика Дрита Ислами го оствари уште на првиот ден од Европското екипно првенство, 3-лига во Лимасол.

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …