Австрија од 1 февруари планира задолжителна вакцинација против ковид-19 за сите граѓани

Од 1 февруари 2022 година сите граѓани на Австрија ќе мора да бидат вакцинирани против ковид-19, со исклучок на оние лица кои поради медицински причини не можат да примат вакцина. Австрискиот премиер Александер Шаленберг веќе најави дека владата ја разгледува законската основа за воведување на ваква обврска за граѓаните, јавува Гардијан.

Засега не е утврдена возраста на граѓаните кои ќе мора да примат вакцина против ковид-19. Притоа, оние што ќе се спротивстават на вакцинирањето, ќе се соочат со високи парични казни, кои не е исклучено да бидат заменети со затворски казни доколку паричните износи не можат да ги платат.

„Ние не сакаме петти бран, не сакаме шести бран или седми бран“, рече премиерот Шаленберг, алудирајќи на можноста повторно да растат бројките на заразени лица од ковид-19 во наредниот период.

Тој додаде дека во Австрија има радикални антиваксери, непроверени и лажни вести, така што многу граѓани не се вакцинираат против ковид-19. Задолжителната вакцинација за граѓаните од февруари следува поради фактот што Австрија има  најнизок процент на вакцинирани лица во Западна Европа – 66 отсто од нејзината популација е целосно вакцинирана.

Инаку, Австрија воведе трето „заклучување“ на јавниот живот во земјата од почетокот на ковид-19 пандемијата поради растечкиот број на заболени лица. Ваквото „заклучување“ ќе започне во понеделник и ќе биде со траење од 10 дена, но најдоцна до 13 декември строгата мерка ќе биде укината за вакцинираните лица против ковид-19 или оние што ја прележале болеста.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Швајцарците гласаа за задржување на мерките против Ковид: „Мнозинството е за разум“

Мнозинството Швајцарци на референдум околу Ковид-законот во земјата ја дадоа својата поддршка за мерките на …