Австрискиот претседател предложи избори во септември

Австрискиот претседател предложи избори во септември

Претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен, повика на нови избори во септември, поради политичкиот скандал со објавеното видео кое покажа дека заменик-канцеларот на земјата нуди коруптивен договор на наводен руски добротвор во замена за политички придобивки.

Претседателот Александар ван дер Белен, денеска, рече дека изборите треба да се одржат на почетокот од септември, по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Курц вчера повика на одржување предвремени избори додека илјадници демонстранти се собраа во Виена. Одлуката беше донесена неколку часа откако заменик-канцелар Хајнц-Кристиан Штахе ја објави својата оставка во владата.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …