Авто Плус Стрит Шоу – враќање на традицијата за купување на нови автомобили

Авто Плус, најстариот автомобилски медиум во Македонија успеа по речиси 13 години без саемска манифестација за авто-мото индустријата, да ги обедини македонските увозници на автомобили на една заедничка смотра на новитетите од нивните брендови.

Многу години и неколку кризи потоа, Авто Плус повторно со еден алтернативен начин на презентирање на нови, еколошки, технолошко напредни и електрични(хибридни) автомобили.
Avto Plus Street Show на 11 мај, на булеварот Илинденска, ќе обедини петнаесетина автомобилски брендови кои ќе презентираат безмалку 100 модели автомобили, повеќето новитети, а некои и со премиера на нашиот пазар. Ќе видиме и целосно електрични, хибридни и спортски модели, а со нив ќе бидат претставници и на придружната индустрија (гуми, акумулатори, авто галантерија…).

Локацијата на настанот е на Бул. Илинденска: од Зоолошка Градина до Пионерски Дом Карпош, во сабота 11 мај. Настанот ќе го отвори Градоначалникот Петре Шилегов, а посетителите ќе можат да се дружат со “убавиците на четири тркала“ до 22 часот тој ден.

Прочитајте повеќе

Трка на забрзување на сите верзии на Lamborghini Aventador

Трка на забрзување на сите верзии на Lamborghini Aventador

Lamborghini Aventador е суперавтомобил направен од Lamborghini. Тој го замени претходниот модел Lamborghini Murciélago. Името …