Автопатите „Арбен Џафери“ од Блаце до Приштина и низ Грделичка клисура готови до крајот на мај

Автопатите „Арбен Џафери“ од Блаце до Приштина и низ Грделичка клисура готови до крајот на мај

Автопатот од Ниш до Прешево ќе биде целосно функционален во следните 10 дена, додека на 29 мај ќе биде пуштен во употреба и автопатот „Арбен Џафери“ меѓу Приштина и граничниот премин „Блаце“.

Македонските граѓани од крајот на мај кон Србија и Косово ќе можат да патуваат по автопат. Двете земји, во речиси идентичен период, ја завршуваат изградбата на двата автопати што ќе обезбедат побрзо патување до Приштина и Ниш. Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ денеска најави дека во наредните 10 дена ќе биде отворен за сообраќај автопатот што минува низ Грделичката клисура.

– Отвораме нов автопат низ Грделичката клисура долг 26,3 километри, кој е последната делница на јужниот дел од Коридорот 10 – посочи министерката Михајловиќ. Овој дел од паневропскиот коридор беше единствен што не е доведен на профил на автопат низ целиот Балкан. Со неговото завршување, граѓаните на нашата земја ќе го скратат времето на патување во правец кон Ниш.

Речиси истовремено, и косовските медиуми деновиве информираа дека автопатот „Арбен Џафери“ меѓу Приштина и граничниот премин „Блаце“ ќе биде пуштен во употреба на 29 мај. Избраниот изведувач „Бехтел – Енка“ во моментов ги привршува градежните работи на мостот долг 6 километри што минува низ Качаничката клисура, на потегот меѓу Хани и Елезит и Качаник.

Автопатот „Арбен Џафери“ е долг 65,56 километри, има по две коловозни ленти и по една лента за застанување во секој правец, а долж неговата траса се изградени 19 моста. Во близина на Приштина, автопатиштата „Арбен Џафери“ и „Ибрахим Ругова“ меѓусебно се вкрстуваат, обезбедувајќи ја во моментов најбрзата патна врска од нашата земја кон Албанија и Црна Гора.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …