Автопатот Миладиновци – Штип во употреба до крајот на месецов

Автопатот Миладиновци – Штип во употреба до крајот на месецов

Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба за 10 до 15 дена, јавува државната агенција „МИА“. Како што информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, инспекцијата пред официјалното пуштање во употреба уште во декември лани покажала дека дел од сервисните патишта и заштитните мрежи долж автопатот не биле во целост завршени. Оттука, кинески „Синохидро“ добил налог да ги заврши недовршените работи на автопатот.

Директорот Китанов напомена дека двете патарини на автопатот Миладиновци – Штип ќе почнат да се градат во наредните 2 – 3 месеци. Како што е објавено на веб – страницата на Јавното претпријатие за државни патишта, изведувачот на патарините ќе се бара преку посебен тендер, а целокупната зделка од 15,3 милиони евра ќе го опфати и воведувањето на електронскиот систем за наплата на патарините на овој автопат и долж целиот Коридор 8.

При изведбата на патарините ќе има времен режим на сообраќај, но граѓаните ќе можат слободно да го користат автопатот Миладиновци – Штип. Пролетва од Јавното претпријатие за државни патишта склучија дополнителен договор за пошумување на косините на автопатот за заштита од ерозија, за што се издвоија дополнителни 15,5 милиони денари. Кон крајот на март годинава, од ЈП за државни патишта мораа да објават дополнителен тендер со проценета вредност од 354 милиони денари за докомплетирање на градежните работи на овој автопат.

И покрај тоа што е забрането да се користи, возачите почнаа го користат автопатот Миладиновци – Штип. „Мета“ веќе пишуваше дека поставените пречки на автопатот се заобиколуваат, а рампата е речиси целосно уништена од несовесните возачи. Автопатот долг 47 километри започна да се гради во февруари 2014 година, а тогашната влада тврдеше дека тој целосно ќе биде завршен во рок од 4 години.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …