Знаме Македонија

Авзи Мустафа и Африм Османи добитници на државната награда „22 Ноември“

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ на седницата одржана на 16.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2024 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес  во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Наградата „22 Ноември“ за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот како и за придонес  во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија им се доделува на:

–  проф. д-р Авзи Мустафа, педагог

–  проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2024 година во 11:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

И новите градоначалници никој не ќе може да ги смени

И новите градоначалници никој не ќе може да ги смени

Новите градоначалници избрани на локалните избори на 19 октомври и 2 ноември нема да може …