Одобрувањето доаѓа откако излегоа вести дека 10.000 севернокорејски трупи биле пратени во регионот Курск, помагајќи ѝ на руската армија да ја приграби територијата
Американскиот претседател Џо Бајден одобри да ѝ се дозволи на Украина да користи американски оружја за напади врз руска територија, пренесува „Си-би-ес њуз“. Конкретно, Кијив ќе смее да Армискиот тактички ракетен систем или ATACMS за да погоди цели во Русија.
Потегот претставува сериозна промена во американската политики во врска со конфликтот меѓу Украина и Русија. Украина со месеци бара од САД и од западните сили да одобрат да се користи нивно оружје за напади врз руска територија, велејќи дека истите се клучни за нивната одбранбена стратегија.
Советот за национална безбедност на Белата куќа одби да коментира за „Си-би-ес њуз“.
Оваа одлука исто така доаѓа непосредно откако излегоа вести дека 10.000 севернокорејски трупи биле пратени во регионот Курск, помагајќи ѝ на руската армија да ја приграби територијата.
Одлуката на Бајден доаѓа кратко пред да почне мандатот на Доналд Трамп, кој вети дека ќе ја „реши“ војната со тоа што ќе ја намали американската поддршка за Украина. Сепак, Зеленски неодамна во интервју изјави оти Кијив сака „на дипломатски начин“ да стави крај на војната во текот на следната година.
„Сигурно е дека војната ќе заврши побрзо со политиката на тимот што сега ќе ја води Белата куќа. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивните граѓани“, рече Зеленски.