Бајден и Путин ги пофалија разговорите, но несогласувањата остануваат

Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин постигнаа мал конкретен напредок на првиот меѓусебен состанок, јавува Би-би-си. Иако беа поздравени разговорите од страна на двајцата лидери, сепак претседателот Бајден по средбата рече дека било констатирани несогласувања, но и дополни дека Русија не сака нова Студена војна.

Би-би-си пренесува дека разговорот траел околу три часа, што било помалку од предвиденото време за средба на двајцата претседатели, иако средба на највисоко ниво меѓу САД и Русија немало од 2018 година.

По средбата беше објавено и заедничкото соопштение на Бајден и Путин, во кое стои дека САД и Русија покажале способност да постигнат напредок во заедничките цели, при што се напоменува дека соработката помага во намалување на заканата од судир и нуклеарна војна, пренесува Политика. Во заедничкото соопштение се споменува и неодамнешното продолжување на новиот договор „Нов СТАРТ“ за контрола на нуклеарното вооружување, но и дека САД и Русија ќе започнат интегриран билатерален дијалог за стратешка стабилност за да се постават темелите за идни мерки за контрола на вооружувањето.

Гардијан пренесува дека Бајден на состанокот го предупредил Путин оти САД ќе возвратат доколку Русија продолжи да изведува злонамерни сајбер напади против американски цели. Бајден по состанокот рече дека сака да ги обнови американско-руските односи на прагматична и предвидлива основа, по хаосот и срамот од ерата на Трамп.

Лондонскиот весник додава дека средбата меѓу Бајден и Путин поминала со оптимистичка нота, но двајцата лидери претпазливо го пофалиле другиот.

Рускиот претседател Владимир Путин рече Бајден е искусен државник и дека двајцата „зборуваат на ист јазик“.

Двајцата претседатели се согласија да ги вратат амбасадорите во престолнините, кои беа претходно повлечени во март откако САД ја обвинија Русија за мешање во американските претседателски избори што се одржаа во 2020 година, пренесува Би-би-си.

Во однос на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кој се наоѓа во затвор, Бајден рече дека ќе има „катастрофални последици“ за Русија доколку Навални умре во затвор.

Бајден воедно му посочил на Путин дека критичната инфраструктура, како што се вода или енергија, мора да биде изземена од хакерски или било какви други напади. Тој му дал на Путин список од 16 клучни американски инфраструктурни објекти, вклучително од секторот енергетика и нафтени деривати.

Двајцата претседатели и по средбата останаа со остро спротивставени ставови околу човековите права, вклучително и правото на протест. Путин ја отфрлил загриженоста на САД за состојбата во која се наоѓа Навални, кој неодамна започна 24-часовен штрајк со глад.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …