Бајден: Нема „црвени“ и „плави“ држави, постојат само Соединети Американски Држави

„Ќе бидам претседател кој нема да ги дели луѓето, туку ќе ги обединува, кој не гледа ‘црвени’ и ‘плави’ држави, туку само Соединети Американски Држави“, рече новиот претседател на САД, Џо Бајден, обраќајќи им се на своите приврзаници во родниот Вилмингтон.

„Ветувам дека мојата администрација ќе и’ ја врати душата на Америка, дека ќе ја обнови кичмата на нацијата – средната клас“, изјави Бајден.

Новиот американски претседател изјави дека сака Америка повторно да биде почитувана во светот, но и обединета од внатре.

„Голема чест ми е што толку многу Амеркинаци гласаа за оваа визија. Сега мора да работиме да ја оствариме таа визија, тоа е задачата на нашето време“, порача Бајден.

Тој директно им се обрати и на приврзаниците на Доналд Трамп.

„Време е да отстапиме од острата реторика, да ја спуштиме ‘температурата’, повторно да се гледаме и да се слушаме едни со други“, истакна Бајден, порачувајќи дека е време да се престане со третирање на противникот како непријател.

Бајден на бината се појави со заштитна маска и најави дека ќе формира Комитет за справување со коронавирусот, кој ќе ги спроведе одлуките првиот ден после неговата инаугурација.

За потпретседателка на САД избрана е Камала Харис, која со тоа стана првата жена во историјата на земјата на таа позиција.

„Секое девојче во земјата кое сега не’ гледа, знае дека е тоа можно“, рече Харис, нагласувајќи дека нема да биде последната жена на потпретседателското место.

Таа им се заблагодари на црните жени, наведувајќи дека тие биле често потценети, но дека претставуваат кичма на демократијата.

„Им порачувам на децата во нашата земја, без разлика на полот: земјата ви испрати јасна порака, сонувајте со амбиции, бидете убедливи и гледајте се себеси онака како што другите можеби не ве гледаат, само затоа што такво нешто порано не виделе“, додаде Харис во своето обраќање.

Џо Бајден освои повеќе од 75 милиони гласови, најмногу што досега освоил било кој претседателски кандидат во САД.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …