бајден

Бајден: Само Бог би можел да ме убеди да се откажам од претседателската трка

Американскиот претседател повторно потврди дека тој ќе биде кандидатот на Демократската партија на претстојните претседателски избори во ноември, пренесуваат Гардијан и Би-би-си.

„Ако семоќниот Бог се симне и ми рече ‘Џо, откажи се од трката’, само тогаш би се откажал. Ама семоќниот Бог нема да се симне“, изјави Бајден.

Оваа изјава доаѓа по лошиот настап на Бајден на претседателската дебата против Доналд Трамп, на која 81-годишниот кандидат често изгледаше збунето, а многу од неговите реченици беа и тешки за следење.

Бајден призна дека неговиот настап на дебатата бил лош, но вели дека причината за тоа е премореност и лоша настинка.

По дебатата се поставија прашања околу менталната подготвеност на Бајден да биде претседател на САД. Неколку конгресмени од Демократската партија изразија сомнеж околу капацитетите на американскиот претседател, а уредничкиот колегиум на „Њујорк тајмс“ излезе со официјален став дека Бајден треба да го отстапи своето место за друг кандидат.

„Решавам когнитивен тест секој ден. Секој ден го правам тој тест – сè што правам е тест“, рече американскиот претседател во интервју со Џорџ Стефанопулос на „Еј-би-си њуз“.

Сепак, гафовите на Бајден не престануваат. Вчера, во аудио-интервју, тој кажа дека е горд што е „првата Афро-Американка потпретседател, по афро-американски претседател“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Макрон го отфрли обидот на левичарскиот сојуз да назначи премиер

Макрон го отфрли обидот на левичарскиот сојуз да назначи премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека по завршувањето на Олимписките игри во Париз ќе именува …