Баковска: Власта да ја повлече одлуката за отпуштање на 700 образовни асистенти за деца со попреченост

Баковска: Власта да ја повлече одлуката за отпуштање на 700 образовни асистенти за деца со попреченост

Обраќање на Весна Баковска, наставничка, на собирот на наставници и просветни работници:

„На околу 700 асистенти распоредени по основни училишта низ државата соопштено им е дека ќе бидат одјавени и да одат во АВРМ да се пријават како невработени.

Значи, околу 700 деца со попреченост учебната година ќе ја започнат без асистенти или со невработени без плата и здравствено. Сите се во неизвесност и не знаат што ги очекува.

Ја прашуваме министерката Јаневска , дали воопшто ја разбира потребата од асистенти и што значи тоа всушност за оние ученици кои реално имаат потреба од нивна асистенција?

Го разбира ли министерката фактот дека децата со попреченост се приврзуваат со одредени личности и воопшто не е ниту професионално, ниту хумано да се менуваат луѓето кои веќе навлегле во суштината на работењето, само затоа што не се партиски послушници?

Како министерке ќе ги погледнете во очи сите оние асистенти на кои им кажавте дека повеќе нема да работат и да се пријават во АВРМ како невработени?

Дали мислите дека на овој начин ќе можете преку репресија да регрутирате нови членови во вашата партија, уценувајќи ги со работно место?

Министерке, со вашите партиски задачи вие ја уништувате реалната потреба на децата со попреченост да имаат асистент каков што заслужуваат и оставате на работ од егзистенција луѓе професионалци кои посветено ја работеле својата работа.

Затоа министерке немате оправдување. Учениците се поважни. Бараме итно да ја повлечете одлуката и асистентите да бидат вратени на работа“.

Прочитајте повеќе

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

Синоќа во Прилеп на 71-годишна возраст почина Јове Магдески, мајстор на фудбалската игра и еден …