Рис Галичица

Балканскиот рис да добие свои зелени премини, за да не завршува под тркалата на возилата на патиштата

Локациите Буковиќ-Сретково и Селечка Планина се два пилот еколошки коридори каде се спроведуваат истражувања за изградба на зелена инфраструктура заради подобрување на условите во кои живее и опстојува балканскиот рис, но и многу други видови диви животни. Коридорот Буковиќ-Сретково е од особено значење, имајќи предвид дека претставува еден од најважните простори за поврзување на популациите на балканскиот рис од Националниот парк Маврово со планините Сува Гора.

Заштитувањето на подрачјата понекогаш не е доволно за да се обезбедат најдобрите услови за живот на дивиот свет. Заради потрагата по храна, партнер или заради одгледување на младите ним им требаат и еколошки коридори, односно зелени премини кои ќе им овозможат нивно слободно движење во природата. Дивите животни треба да добијат своја инфраструктура за да се избегнат судирите со патиштата по кои се движат човекот и возилата.

Министерството за животна средина минатата година учествуваше во проектот на ГЕФ/УНЕП проектот „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитени подрачја и одржување на биолошката разновидност при планирање на користење на земјиштето“, чија цел е да се обезбедат поволни услови за заштита и зачувување на популацијата на балканскиот рис.

Истовремено, информираат од Министерството, земјава е дел и од регионалните проекти за воспоставување еколошки коридори за балканскиот рис и идентификуваше приоритетни подрачја за обновување на екосистемите и идентификација на зелена инфраструктура. Тоа се три локации од кои две прекугранични со Албанија и еден национален со тенденција да стане прекуграничен со Грција.  Тоа се Маврово (МК) – Кораб-Коритник (АЛ) – Планина Мунела (АЛ)-Мали ме Гропа-Бизе-Мартанеш (АЛ), потоа Шебеник-Јабланице (АЛ) – НП Маврово (МК) и Ниџе- Кожуф – Јакупица (МК).

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …