Балоно од Зијата и децата од улицата кај Тутунски

Балоно од Зијата и децата од улицата кај Тутунски

Пишува: Зоран Милошески

Моето маало, таму кај шо се родив, растев и живеев до моите триесетина години, беше Варошко маало.

Ко че тргниш од центаро на Прилеп, од раскрсницата пред Цепенко па нагоре накај Варош, покрај Миле берберо, „Климент Охридски“ и раскрсницата кај Ацуле Забрчанец, па десно покрај Лашковци и градинката на Тутунски, скроз догоре до кај шо улицата сама врти накај Бранко шнајдеро и Клацковци… е, таму пораснав. Улица „Кузман Јосифоски“ бр.256.

И сега, ко че го чита ова чоек од другите градој, некој шо не е прилепчанец или некој новодојденец во Прилеп, че речи: „а бе кај си живеел ти, џенем“?

А не че да е така, оти местото кај шо кукнав и кај шо го живеев и одживеав детството е на 7-8 минути од центаро на градо. Шо значи… градско маало. Беше, сега вејче не.

Зошто не? Оти, улицата е таа, ама лујџето не се. Иако градо се рашири до недоглед и моето старо родно маало е уште поблиску до дефиницијата „со камен да фрлиш че погодиш некого среде чаршија“… то појче не е то.

На времето, тогаш ко растев и ко ги живеев и преживував детските и тинејџерските години и „болести“, ко се борев сам против себе и против целио свет, времето ко бев „несфатен генијалец“… то беше друго време. Во споредба со ова сегашново, неспоредливо и необјасниво.

Од двете страни на улицата живееја печеснајсе семејства со… чекај да ги пребром…едно, две, четири, седум, дванајсе, шеснајсе… двајсипечес деца!

Јас и сестра ми, Трената, Зијата, Шоле, Донка, Цветанка, Павлина, Мусо, Летка, Винета, Хенесо и брат му, Горан, Рубин, Бети, Љупчо и другио Љупчо, Билјана,  Маца, Ладе и Окото, Славица, Каролина… деца – приплот!

Ко че одевме на училиште, то беше колона од деца…со чантите на рамо, муабет за муабет до старото училиште и со добра мисла во мислите.

Во петок поручек, од ко че се вратевме од училиште и после во сабота и недела, ко че фатевме да играме од сабајле – дури да се стемни. Гунгула. Врева. Џева. Смеа. Срејча.

Не знам шо беше тогаш поголемо – радоста во нашите очи, или прашината собрана на спространите алишта на терасите? Оти тогаш немаше асфалт. Земја. Еден чекор – облак прашина. Немаше ни чистачи од Комуналец, туку мајките и бабите со метлите во раце, секое сабајле ја светнуваа улицата. Прво че ја потуреа со некоја канта вода, колку да не се крева прашина, и после – „метла“ ја праеја!. Ни ливче, ни книже да не остани. Чисто – џам!

Во то време беше во мода да се летаат балони. Балони бе, не бабулина…балони! Зијата беше мајстор за балони: че земеше три трски, че напраеше шестоаголник, че го завиткаше со хартија или најлон, че му врзеше опашка која самио ја праеше, че му клаеше узди од конец за тутун, че го намоташе на стапче и сите ние, децата од улицата покрај Тутунски, че чекавме да дувни ветро. За да го летни Зијата балоно во облаци и да појдиме в’ниви за да гледаме како нашио балон ги „бичи“ другите. Како лета највисоко од сите. Оти, и тие од Долно маало исто како и варошани, не беа налбати за праење балони. Ама со оние од Зијата, никој не си можеше!

То време, балоните се летаа од ниви. Кај шо немаше ни жици, ни дрва, ни било шо друго да му смета на балоно. А летнувањето на балоно од наше маало и носењето до нивите во Точила, ич не беше едноставно. Оти улицата беше испреплетена со еден куп бандери и жици, преку кои требаше да се префрли намотаниот конец, а балоно да остани во воздух. И то беше само по себе мајсторство. Напати се случуваше „операцијата“ да биди неуспешна и по некој балон да остани да виси заплеткан меѓу жиците. Ама и то беше школа од која извлекувавме по нешто за наук.

Ко че појдевме таму, среде ниви со тутун, кај шо немаше ни пиле ни гранче, ко че летнеше балоно над сите други, високо внебо…точка да се гледа! Па уште ко че ни даеше Зијата да го подржиме конецо на некоја минута дури нашио ги праеше парче сите други балони… то беше срејча немерлива!

А некогаш ко че се скинеше конецо, балоно пајџаше дури кај силосите. Некогаш и преку пруга. А то не да беше далеку туку…охо-хооооо… И кој че оди да го најди и да го донеси назад? Нормално… ние најмалите…пичлемината од улицата покрај Тутунски.

Не требаше никој да ни речи, туку опашката вгаз и – трк по балоно!

Ама, ништо не ни беше тешко тогаш. Не само заради годините. Најпојче заради другарството. Заради почитта. И меѓусебната, и кон постарите. Оти то време лујџето не се ценеа според мојчта, функциите и парите, туку според чоештилако. Па уште ако знаеја да пра балони ко Зијата шо знаеше…врв!

Ете така растевме ние, децата од „Кузман“, улицата покрај Тутунски.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …