Банките бележат пад на профитите во првиот квартал од годинава

Банките бележат пад на профитите во првиот квартал од годинава

Значително намалување на профитот има кај банките во земјава во првите три месеци од годинава, а поради кризата предизвикана од корона вирусот се очекува зголемување на стапката на ненаплатливи кредити, откриваат новите податоци на Народната банка.

Во првиот квартал од 2020 година, вкупната добивка на 15-те банки во земјава изнесува 1,1 милијарда денари (18,6 милиони евра), што претставува намалување од 751 милион денари(12,2 милиони евра), или за 39,6 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Банките бележат пад на профитите во првиот квартал од годинава

„Ваквото намалување на остварениот резултат во првото тримесечје од 2020 година во целост произлегува од удвоениот износ на трошоците за исправка на вредноста, коишто започнаа да растат уште од јануари 2020 година. Во наредниот период се очекува дека трошоците за исправка на вредноста и натаму ќе растат со оглед на притисоците за потенцијално влошување на квалитетот на кредитното портфолио на банките, како последица на глобалната пандемија на ковид-19“, се вели во извештајот на Народната банка.

Со состојба на 31.3.2020 година, исправките на вредноста на финансиските и нефинансиските средства значително се зголемени.

„Зголемените исправки на вредноста на кредитите и пласманите (раст од 645 милиони денари или за 37,6 отсто) се главен носител на зголемувањето на исправката на вредноста на финансиските средства. Тие започнаа да растат уште од јануари 2020 година, а најмногу произлегуваат од повисоките исправки на вредноста за нефункционалните кредити. Од март 2020 година, кај дел од банките се забележува и утврдување поголеми исправки на вредноста и посебна резерва заради покривање на очекуваните кредитни загуби, со оглед на поголемата веројатност за зголемување на стапката на ненаплата кај кредитите, во услови на забележително забавување на економскиот раст, како последица на негативните ефекти од кризата со ковид-19“, укажуваат од Народната банка.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Европската Унија ќе ѝ даде 750,4 милиони евра на Северна Македонија

Европската Унија ќе ѝ даде 750,4 милиони евра на Северна Македонија

250 милиони евра ќе се добијат како грант или неповратни средства за инвестициски проекти, а …