БЕГ има законска обврска да обезбеди парно греење, во спротивно може да остане без лиценца, Градот Скопје и општините да креираат мерки за поддршка на граѓаните

БЕГ има законска обврска да обезбеди парно греење, во спротивно може да остане без лиценца, Градот Скопје и општините да креираат мерки за поддршка на граѓаните

БЕГ има законска обврска да обезбедува парно греење, доколку не го направи тоа, тогаш согласно Законот за енергетика може да се соочи со одземање на лиценцата.
Владата ја следи состојбата со топлинската енергија и веќе се разгледуваат повеќе опции со надлежните институции и со сите кои се вклучени во делот на снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија за да се најдат одредени решенија.
Го повикуваме Градот Скопје и општините во склоп на Градот Скопје во рамки на своите Буџети да се вклучат со креирање на мерки за поддршка на граѓаните кои се корисници на топлинска енергија.
Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Телевизија Телма.
“Не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга. Доколку тие прекинат да снабдуваат топлинска енергија, без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека Согласно Законот за енергетика обврска на БЕГ е да има обезбедено количини за снабдување со топлинска енергија со алтернативно гориво во период од 15 дена.
Тој додаде дека БЕГ нема проблеми со количините на природен гас, кои според информациите веќе обезбедени, проблем е со цената на гасот и ликвидноста на компанијата.
“Во Законот за енергетика се наведува дека заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности: производство на топлинска енергија, дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија“ кажа министерот Бектеши.
Министерот Бектеши ги повика Градот Скопје и општините дека имаат и законска обврска да помогнат на граѓаните за поскапувањето на парното.
„Ги повикавме Град Скопје и општините во градот во рамки на своите Буџети да се вклучат со креирање мерки за да излезат во пресрет на граѓаните, со цел да се ублажи притосокот со ликвидноста што го имаат компаниите што снабдуваат топлинска енергија во градот. Централната власт ќе им помогне на Град Скопје и општините за префрлање на средства до локалните самоуправи за обезбедување природен гас за греење на јавните институции“ кажа Бектеши и праша зошто градоначалничката на Град Скопје Арсовска и Советот на Град Скопје не предвидоа ни денар во буџетот во енергетската криза за 2022 година.
На крај Бектеши потенцираше дека Владата и понуди на БЕГ преку Развојната банка на Северна Македонија кредит со поволни услови со што на индииректен начин ќе се помогне на компанијата.
„Да се даваат субвенции на приватни компании, посебно приватни компании кои имаат обврска да ги снабдуваат корисниците со топлинска енергија и вршат јавна услуга, треба да бидеме многу внимателни, бидејќи тие се пари на сите граѓани“ кажа министерот и потенцираше дека доколку не ги исполнува своите обврски тогаш Владата ќе донесе и тешка и непопуларна одлука како Влада се со цел обезбедување на топлинска енергија за граѓаните.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …