Бектеши: Ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, не се предвидени рестриктивни мерки

Ќе биде прогласена енергетска кризна состојба во државата со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании како што се ЕСМ и МЕПСО со цел да се зголеми нивната ликвидност за да може да се интервенира во увозот на струја. Рестриктивни мерки во моментот не се предвидени. Министерството за економија и сите институции вклучени во енергетскиот сектор постојано имаат состаноци и будно се следи состојбата на електроенергетскиот сектор во државата. Министерството за економија предложи до Владата, и во саботата беше донесена Уредба за начинот и критериумите за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор со цел да се усогласи со новиот Закон за енергетика. Согласно Уредбата ќе може да се спроведат разни мерки вклучително и Владата директно преку буџетот и институциите кои се директни буџетски корисници на средства да интервенира во енергетските компании како што се ЕСМ и МЕПСО.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.

Прочитајте повеќе

Средба Ковачевски – Новак: На Европа ѝ е потребна Северна Македонија

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак. На состанокот …