Бела блокада на Вашингтон

Бела блокада на Вашингтон

На почетокот на годината температурите беа сè уште умерени, но сега снежна бура го погоди источниот брег на САД. Главниот град е парализиран, сообраќајот е во застој, федералните служби и училиштата останаа затворени.

Зимска бура донесе обилни врнежи од снег, проследени со силни ветрови во поголемиот дел од источниот брег и југоисточниот и централниот дел на САД, што ги принуди федералните служби и училиштата во главниот град Вашингтон да ја прекинат работата, и предизвика одложување на бројни летови и прекин на снабдувањето со електричната енергија за илјадници домаќинства во сојузната држава Вирџинија.

Националната метеоролошка служба објави 12 до 25 сантиметри снег и ветрови до 64 километри на час за време на првата снежна бура во тој дел на Америка оваа зима.

Службата извести дека во главниот град Вашингтон паднале 21,59 сантиметри снег, во Источен Тенеси 22,86 сантиметри, во Вирџинија 37 сантиметри и во Мериленд 39,37 сантиметри.

„Кога зборуваме за високо населените области, зголемениот снег станува проблем“, изјави Остин Менсфилд, метеоролог во Националната служба.

Предупредување за снежна бура е издадено во сите држави на источниот брег од Јужна и Северна Каролина до Њу Џерси.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …