Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која од ноќеска се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 проценти, информираат тие.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1 денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар.

Од ноќеска, бензинот Еуросупер БС-95 ќе може да се купи по цена од 72 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 74 денари за литар. Дизелот на бензинските станици ќе се продава за 63,50 денари за литар, а екстра лесното масло ќе чини 63 денари.