бензин дизел бензинска

Бензините ќе поевтинат за еден и пол денар, дизелот поскапува за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто, информираат од РКЕ.

Од полноќ, на бензинските станици низ земјава малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар.

Моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе може да се набави по цена од 75 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 77 денари. Цената на дизелот ќе изнесува 68 денари за литар, додека екстра лесното масло ќе се продава за 67 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,407 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,852 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 4,081 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,276 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,506 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,672 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,493 отсто.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Битиќи: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Битиќи: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

„Добросостојбата на граѓаните е императив и тоа сме го докажале тоа, се во нашата програма …